Британецот Тајсон Фјури потврди денеска дека заминува во боксерка пензија, ден откако на преполниот стадион „Вембли“ во Лондон го совлада сонародникот Дилијан Вајт.
Борбата во која не беа разменети многу удари заврши во шестата рунда кога Фјури со аперкат го нокаутираше Вајт и ја одбрани титулата светски првак во тешка категорија во верзијата WBC.

Мислам дека ова, сепак, беше последната борба на „Кралот на Ромите“. Тоа и го ветив и на сопругата. Ми се пружи шанса да се борам тука, на „Вембли“ и тоа му го должев на секој навивач и на секој Британец. Сега и тоа го исполнив и ова навистина е идеален момент да се спушти завесата, изјави 33-годишниот Фјури.
OhridNews












