Пилотот на Ферари , Фернандо Алонсо победи на трката за Големата Награда на Сингапур. Шпанецот беше побрз од двоецот на Ред Бул, Себастиан Ветел и Марк Вебер.


Вебер останува лидер на табелата со 202 бода, Алонсо по двете победи има 191  додека Хамилтон по двете трки без бодови останува на 182.  Ред Бул води на табелата на конструкторите со 383 поени, Мекларен е втор со 359, додека Ферари сега има 316.

Следната трка се вози за две седмици, на 10 октомври, за Големата награда на Јапонија во Сузука.

Ohrid News