Шпанецот Фернандо Алонсо е победник на патеката за големата награда на Малезија. Поради обилните дождови на патеката, трката беше прекината во повеќе наврати. Целната рамнина втор ја мина пилотот на Заубер, Серхио Перез додека трет финишираше “шоферот“ на Мерцедес Мекларен, Луис Хамилтон.

Австралијанецот Марк Вебер заврши четврти, по него следуваа Раиконен, Бруно Сена, Паул ди Реста, Жан Ерик Вергне, Нико Хулкбергер и Михаел Шумахер.

Без бодови завршија актуелниот првак Себастијан Фетел, и победникот од трката во Мелбрун, Џенсон Батон.

Во генералниот пласман со 35 бодови прв е Фернандо Алонсо, веднаш зад него со 30 бодови е Луис Хамилтон, Џенсон Батон со 25 бодови е на третата позиција.

Мх.П.