Пилотот на Ферари, Фернандо Алонсо е победник на трката во Хокенхајм. Шпанецот кој е водечки во генерален пласман ја искористи предноста откако стартуваше од пол позицијата на трката во Германија.


Втор зад Алонсо заврши германецот Себастијан Фетел додека место да пиедесталот имаше и за Џенсон Батон од Мекларен. “Ајсмен“ или Раиконен трката ја финишираше на четвртата позиција додека Кобијаши го заокружи топ 5.


Табела пилоти:

1. Фернандо Алонсо  Ферари  151 бод
2. Марк Вебер  Ред Бул  120
3. Себастијан Фетел   Ред Бул  118
4. Кими Раиконен  Лотус  95
5. Луис Хамилтон  Меккларен  92

Наредната трка се вози на Хунгаро ринг за големата награда на Унгарија на 29 јули.

Мх.П.