Јапонецот Наоки Јамамото ќе дебитира во Формула 1. На првиот тренинг во пресрет на трката за Големата награда на Јапонија тој ќе го вози болидот на Торо Росо.

Шампионот на јапонската Супер Формула и Супер ГТ серијата ќе го вози болидот на Пјер Гасли, објавија во понеделникот британските медиуми.

Јамамото ќе го вози само првиот тренинг, а Гасли потоа ќе ги вози вториот и третиот тренинг, квалификациите и трката која на програмата е в недела.

31 годишниот Јамамото ја има поддршката на Хонда. Моторите на овој производител ги користат Торо Росо. Воедно компанијата Хонда е сопственик на патеката каде в недела ќе се вози трката за ГН на Јапонија.

Траката на патеката Сузука ќе се вози в недела со почеток во 7.10 часот по средно-европско време.

OhridNews