Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас запиша нови 25 бодови на табелата во Формула 1 шампионатот, откако триумфираше на трката „Сузука“ за големата награда на Јапонија.

Финецот низ целта мина пред ривалот од Ферари Себастијан Фетел и клупскиот колега Луис Хамилтон. Во ТОП 5 финишираа Александар Албон од Ред Бул и Карл Сајн Јуниор од тимот на Мекларен.

Еден куриозитет го одбележа триумфот на Ботас. Тој стана прв пилот во 31 годишната историја на трката „Сузука“ кој победил а не стартувал од првите две позиции.

Мерцедес во Јапонија ја осигура титулата во конструктури, а Хамилтон во следните трки ќе треба да ја завери титулата светски шампион. Следната трка ќе се одржи во Мексико.

OhridNews