Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас веќе тестираше болид во кој е вградена и HALO заштитата, а следната недела почнуваат и првите официјални тестови на болидите кои ќе мораат сите да ја имаат оваа новина. Ботас ги изкажа своите импресии околу овај нов заштитен дел на болидите.

– Во симулатор ја одработив првата сесија со HALO заштитата и морам да кажам дека за време на “тркањето“ не го ни приметував и воопшти не ми сметаше. Искрено треба малку време да се навикне возачот но после тоа воопшти не го ни приметувате дека е пред вас. Ова е нешто ново за сите нас како и за гледачите и се сложувам дека со овај систем болидите не се толку убави како без него. Нагласувам дека треба малку време за навикнување на новината но исто така дека оваа направа е многу корисна за возачите во смисла на заштитата на нашите животи. – изјави Ботас.

Додавањето на HALO заштитниот систем првично не беше примен со воодушевеност со образложение дека болидите ја губат својата атрактивност. Исто така од оваа сезона на стартот ќе ги нема „грид-девојките“ кои долги години беа заштитен знак на Ф1.

OhridNews