Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас со триумф ја отвори новата сезона во Формула 1 победувајќи во Мелбурн за големата награда на Австралија.

На пиедесталот друштво на Ботас му правеа клупскиот колега и бранителот на титулата Луис Хамилтон и Макс Верстапен од Ред Бул кој финишираше на третата позиција. Првата петорка пилоти во Австралија го комплетираше двоецот на Ферари, Себастијан Фетел и Чарлс Леклерк.

  • На стартот од трката бев многу добар. Оваа трка дефинитивно е најдобра во мојата Ф1 кариера. Од почетокот се чувствувам сигурен и знаев дека сум подготвен за победа. Се држев под контрола, а и среќата со болидот ме послужи. – изјави Ботас.

Од шестата до десеттата позиција се пласираа Кевин Магнусен (Хаас), Нико Хулкенберг (Рено), Кими Раиконен (Алфа Ромео), Ленс Строл (Рејсинг) и Данил Квит (Торо Росо).

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се одржи во Бахреин на 31 март.

OhridNews