Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе стартува од пол позиција на јубилејната 1000-та трка во Формула 1 која ќе се одржи во Кина.

Друштво во првиот ред на Ботас ќе му прави тимскиот колега Луис Хамилтон кој задоцни за 0,023 секунди. Позициите во вториот ред резервирани се за пилотите од Ферари, Себастијан Фетел односно Чарлс Леклерк.

Од третиот ред ќе стартуваат Макс Верстапен и Пјер Гасли, двајцата од Ред Бул, а потоа следуваат Даниел Рикиардо (Рено), Нико Хулкенберг (Рено), Кевин Магнусен (Хаас) и Роман Грожан (Хаас).

Ботас со 44 бодови е водечки во генаралниот пласман, второпласиран е Хамилтон со бод помалку., а Верстапен со 27 бодови е третопласиран.

OhridNews