Германскиот тим е уверен  дека ќе ги најде потребните решенија како би можел со поголема смиреност да влезе во вториот дел од сезоната.

Иако Мерцедес во ерата на V6 моторите имаше доминантен мотор кој во последните четири години му донесе дури 8 титули, оваа не е толку доминантен само заради трошењето на гумите. Сепак од тимот се надеваат дека со победата на Хамилтон во Унгарија следуваат помирни денови за овај тим. Иако “Хунгаро ринг“ не е патека која може да даде права слика не само за гумите и моторотите туку и воопшто за “силата“ на болидот ( спори свиоци, мирно кочење, неможност за претекнување) во  таборот на Мерцедес чуствуваат мало олеснување во напредокот.

“За време на ГН на Унгарија Луис голем дел го помина во соло трка па гумите се однесуваа онака како што сакавме, а искрено не очекувавме. Мислам дека ако Ферари се замешаше  во борра со нас ќе беше подруго.  Но сепак добивме голем дел на податоци, кои ни дадода поголем увид во состојбата, а мора да се земе предвид дека на таа патека гумите беа загреани до 60 степени. Заради тоа и нашиот успех е уште поголем затоа што мислевме дека тоа за нас е невозможно. Секако чувството е многу подобро и мислам дека ќе бидеме уште поконкуренти после паузата“ – изјави шефот на Мерцедес Тото Волф.

OhridNews