Германскиот пилот во редовите од Ред Бул, Себастијан Фетел доминатнот триумфираше на патеката во Сингапур и ја забележа седмата победа сезонава.

Втор пилот, кој ја мина целната рамнима беше Шпанецот, Фернандо Алонсо (Ферари), а тројката на пиедесталот ја комплетираше Кими Раиконен од тимот на Лотус.

Со новите 25 бодови Германецот стигна до 247-от сезонава и предност од 60 бодови пред второпласираниот Алонсо, кој има 187.

Следната трка од Формула 1 гран при серијата се вози во Кореа на 6 октомври.

 

Мх.П.