Шампионатот во Формула 1 ќе започне на 5 јули. ФИА потврди датуми на осум трки од кои по две ќе се возат во Австрија и Велика Британија.

Сезоната во „најбрзиот циркус“ ќе започне со две трки во Австрија. Првиот викенд ќе се одржи од 3 до 5 јули, а вториот од 10 до 12 јули.

Следува Големата награда на Унгарија од 17 до 19 јули, а потоа на програмата ќе бидат две трки во Велика Британија. Првиот викенд на Силверстон е предвиден од 31 јули до 2 август, а вториот од 7 до 9 август.

По Велика Британија ќе се вози во Шпанија, Белгија и Италија. Трката во Шпанија ќе се вози на 16 август, во Белгија на 30 август, а во Италија на 6 септември.

OhridNews