Италијанскиот тим само неколку минути пред стартот на трката „Сузука“ во Јапонија повторно имаше проблеми со моторот.

Себастијан Ветел доживеа пех пред самиот старт, кога тимот на механичари детектира проблем со свеќица на моторот. Тимот немаше време да направи замена, проба со нови сетирања но сепак сето тоа предизвика откажување на германецот само после неколку кругови.

Ферари свеќиците ги набавува баш од Јапонија каде има соработка со NGK компанијата чие седиште се наоѓа само на еден сат возење од патеката каде се случи дефектот.

“Сите беа сведоци на тоа што се случи. Дали може да се зборува за грешка на нашиот тим? Болидот е перфектен но некои компоненти на моторот можеби не` чинеа и  титула. Ќе поразговараме со NGK. Но сега мора да ја подигнеме главата и добро да  анализираме што се случи но факт е дека патуваме во Остин со големо заостанување позади Мерцедес.“ – разочарано изјави шефот на Ферари Маурицио Аривабене.

OhridNews