За време на тркачкиот викенд во Монако црвениот болид повторно ќе биде прегледан од FIA.

По се изгледа инжинерите не Ферари успеваат на најдобар начин да ги искористат новите правила, но од друга страна останатите тимови постојано вложуваат жалби за повеќе решенија на италијаните. Скудерија Ферари во Шпанија го претстави новиот дизајн на своите ретровизори но FIA ги зизвести дека во Монако не смеат да ги користат.

Заради то неколку тимови вложија протест до FIA и побараја одговор за дистрибутивниот систем за електрична енергија затоа што се сомневаат дека на овај начин Ферари прозиведува 20 кс повеќе. Според пишувањата на Ауто Мотор Спорт постојат сомнежи дека Ферари на досега непознат начин ги “лаже“ мерните сензори при произведувањето на додатната сила.

Пред ова официјални лица веќе го прегледуваа подот, задното крило, третата “педала“ на воланот на Фетел како и системот заради кој болидот на Ферари исфрла поголема количина на чад при стартувањето.

OhridNews