Пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел победи на големата трка за Индија. За германецот ова петтата победа во сезоната и сериозно чекори кон освојување на третата титулата во кариерата.


Втор зад Фетел заврши конкурентот од Ферари, Фернандо Алонсо додека тројката на пиедесталот ја комплетираше Марк Вебер од Ред Бул.

На три трки до крајот од Формула 1, Себастијан Фетел е водечки со 240 поени. Второпласиран е Фернандо Алонсо со 227, а на третата позиција со 173 се наоѓа Кими Раиконен.
 

Мх.П.