Германскиот пилот во редовите на Ред Бул, Себастијан Фетел триумфираше на патеката „Спа“ за големата награда на Белгија и ги зголеми шанси за освојување на третата титула во низа во Формула 1.

Куриозитет на трката сепак беше Шпанецот, Фернандо Алонсо, кој со неговиот болид од Ферари стигна до втората позиција иако стартуваше како деветти.

Трагичар на белгиската патека е Луис Хамилтон, кој не ја искористи пол позицијата и заврши на третата позиција.

Со оваа победа Германецот стигна до 197 поен во генералниот пласман дури 46 повеќе од второпласираниот Алонсо.

Следната трка од Формула 1 циркусот e на 8 септември за големата награда на Италија.

Мх.П.