Актуелниот светски првак, Себастијан Фетел, ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Бахреин, четврта во годинешното првенство во Формула 1.
Фетел до првата стартна позиција стигна откако со време од 1:32.422 го извозе најбрзиот круг на патеката „Сакир“.
Колегите на првите двајца го формираа вториот стартен ред, трет на стартот ќе биде Марк Вебер, а четврти Џенсон Батон.
Победникот на трката за Големата награда на Кина, Нико Розбер на Мерцедес ќе стартува од петтата позиција, а донего веднаш ќе биде изненадувањето Даниле Рикиардо на Торо Росо.
Пласман меѓу првите десет изборија Грожан, Перез, Алонсо и Ди Реста.
Ohridnews










