Актуелниот светски првак, Себастијан Фетел, ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Бахреин, четврта во годинешното првенство во Формула 1.

Фетел до првата стартна позиција стигна откако со време од 1:32.422 го извозе најбрзиот круг на патеката „Сакир“.

Веднаш до бранителот на титулата, од првиот стартен ред, трката ќе ја започне пилотот на Мекларен Луис Хамилтон, кој зад најдоброто време задоцни 98 десетинки.

Колегите на првите двајца го формираа вториот стартен ред, трет на стартот ќе биде Марк Вебер, а четврти Џенсон Батон.

Победникот на трката за Големата награда на Кина, Нико Розбер на Мерцедес ќе стартува од петтата позиција, а донего веднаш ќе биде изненадувањето Даниле Рикиардо на Торо Росо.

Пласман меѓу првите десет изборија Грожан, Перез, Алонсо и Ди Реста.

Траката за Големата награда на Бахреин, на патеката „Сакир“ ќе се вози во недела, со почеток во 14 часот по средноевропско време.

“макфакс“
Ohridnews