Бранителот на титулата Себастијан Фетел триумфираше на трката за Големата награда на Сингапур, која се возеше на
патеката Марина Беј.


Фетел стигна до триумфот благодарение на откажување на водечкиот во трката Луис Хамилтон, место на подиумот обезбедија уште Џенсон Батон и Фернандо Алонсо.

 


Ова беше само втора победа за Себастијан Фетел сезонава, а четврта за тимот на Ред Бул сезонава.

– Одлично направено, ви благодарам момци за овој триумф – им рече на своите механичари Фетел по освоеното прво место.

Во генералниот пласман води Алонсо, кој има само 29 поени предност пред Фетел.