Светскиот шампион во формула 1, германскиот пилот Себастијан Фетел  во болидот на „Ред бул“, е победник на големата награда на Италија.


Денеска на пистата во Монца  во 13-та трка од годинашново светско првенство во Формула 1, Фетел славеше пред Британецот Џенсон Батон од тимот на „Мекларен“ и Шпанецот Фернандо Алонсо  до „Ферари“.


Во вкупниот поредок од светскиот шампионат Фетел води со 284 бодови, Алонсо е втор со 172 а зад него следат Батон и Австралиецот Марк Вебер со по 167 бодови.


На чело на табелата за конструктори води тимот на „Ред Бул-Рено“ со 426 бодови, пред „Мекларен-Мерцедес“ со 295 и „Ферари“ со 231 бодови.

Ohridnews