Германскиот пилот во тимот на Ред Бул, Себастијан Фетел е победник на трката „Жак Вилнев“ во Монтреал за големата награда на Канада.


Актуелниот првак доминираше во целата трка не оставајќи никаква шанса за противниците и сосема заслужено ги освои 25-те бода што се доделуваат за победник.

Втор целната рамнина ја мина пилотот на Ферари, Фернандо Алонсо, а третата позиција на пиедесталот ја зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес.

Генерален пласман пилоти : Фетел 132 поени, Фернандо Алонсо 96, Кими Раиконене 88, Луис Хамилтон 77, Марк Вебер 69…

Генерален пласман конструктори : Ред Бул 201 бод, Ферари 145, Мерцедес 134, Лотус 114, Форс Индијана 51…

Мх.П.