Себастијан Фетел се подготвува за последната фаза од сезоната 2020 во Формула 1 со амбиција достојно да ја заврши својата авантура со тимот на Ферари. Четирикратниот светски шампион доживеа тежок старт на шампионатот, исполнет со проблеми со болидот на Скудерија и влошени односи меѓу него и италијанскиот тим.

Сепак, Себастијан сака драстично да ги подобри своите перформанси на преостанатите шест трки и со крената глава да го остави Ферари во правец на Астон Мартин.

За мене оваа година беше многу поразлична од сите други досега. Морам да се тркам од почетокот на сезоната, знаејќи дека ова е моја последна година во Ферари. Како и да е, мотивиран сум да постигнам повеќе во преостанатите стартови до финалето и да се разделам со тимот со високо крената глава. За жал, овогодинешниот автомобил не е лесен за возење кога треба да го извлечете максимумот од него. Ова е мислење на сите во тимот и на Шарл Леклер и јас го споделувам. Сепак, секогаш можете да се претставите малку подобро и јас ќе се стремам кон тоа на секој старт до финалето на шампионатот, изјави Германецот.

OhridNews