Пилотот на Реб Бул, Себастијан Фетел со победата на трката во Индија ја одбрани титулата во Формула 1 и обезбеди место во историја како трет пилот, кој успеал четири години во низа да стане шампион.

Целната рамнина Фетел ја помина пред Нико Розберг од Мерцедес и Себастијан Грожан од Лотус и ја забележа десеттата победа сезонава 36-та вкупно во неговата кариера. Како и Фетел така и неговиот тим Ред Бул триумфираше во конструктори и тоа четири пати во низа.
Мх.П.










