Германецот Себастија Фетел е нов светски првак во Формула 1. Пилотот на Ред Бул трката Интерлагос во Бразил ја заврши на шестата позиција што беше доволно за третата титулата во кариерата.


Шпанецот во тимот на Ферари, Фернандо Алонсо не успеа да победи на трката, која ќе го однесеше до титулата. Само четири бода му недостастуваа на Алонсо да се радува на првата титула во болидот на Ферари.

Првото место на пиедесталот му припадна на Британецот, Џејсон Батон додека од Ф1 циркусот се прости Михаел Шумахер. Во категоријата на конструктори триумфираше Ред Бул, пред Ферари и Мерцедес.

Мх.П.