Германецот Себастијан Фетел ја одбрани титулата  во Формула 1. Шоферот на Ред Бул го освои третото местото на големата награда во Јапонија, доволно за промовирање на “старо нов“ шампион. Прв целта на “Сузака“ ја помина англичанецот Џенсон Батон, додека втор се пласираше возачот на Ферари, Фернандо Алонсо.


Четврти заврши вториот адут на Ред Бул, Марк Вебер а првата петорка ја комплетира Луис Хамилтон. Шестото место му припадна на “легендата“ Михаел Шумахер.
Генарелен пласман:

1. Себастијан Фетел  324 поени
2. Џенсон Батон         210
3. Фернандо Алонсо   202
4. Марк Вебер            194
5. Луис Хамилтон       178

Конструктори:
1. Ред Бул      518 поени
2. Мекларен  388
3. Ферари      292
4. Мерцедес   123

Циркусот Ф1 продолжува со големата награда на Кореа, на трката “Сепанг“.

Мх.П.