Пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел ја забележа четвртата победа сезонава откако триумфираше пред своите гледачи на трката во Германија.

Втор зад Германецот финишираше Кими Раиконен од Лутос, а третото место на пиедесталот го запоседна Грожан исто така од Лотус.

Четврти трката во Германија ја заврши шпанскиот пилот во екипата на Ферари, Алонсо. Британецот Луис Хамилтон не ја искористи пол позицијата и го зазеде петтото место.

Генерален пласман : Фетел 157 бодови, Алонсо 123, Раиконен 116, Хамилтон 99, Вебер 93…

Конструктори : Ред Бул 250, Мерцедес 183, Ферари 180, Лотус 157…

Следната трка од Формула еден циркусот се вози на трката „Хунгаро ринг“ во Унгарија на 28 јули.

Мх.П.