Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон триуфмираше на патеката „Сепанг“ за големата награда на Малезија втора од Гран при серијата во Формула 1.

Одличниот викенд за Мерцедес во Малезија го заокружи Нико Розберг, кој обезбеди „еден два“ победа на „Сепанг“. Тројката на подиумот ја комплетираше актуелниот првак Себастијан Фетел од екипата на Ред Бул.
Двоецот на Ферари, Фернандо Алонсо и Кими Раиконен завршија на четвртата односно 12-та позиција, а совозачот на Фетел, Рикардо се откажа во финишот од трката.
По двете трки водечки на табелата е германскиот пилот, Розберг со 43 бодови, второпласиран е Хамилтон со 25, а трет е Алонсо со 24 поени.
Следната трка во Формула еден циркузот се вози во Шангај за голема награда на Кина на 20 април.
Мх.П.











