Од самиот старт до финишот на трката пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон доминираше и заслужено ја освои големата награда на патеката „Хунгарорин“ во Унгарија.

Втор низ целната рамнина мина пилотот на Лотус Рено, Кими Раиконен додека третото место на пиедесталот го зазеде Себастијан Фетел од тимот на Ред Бул.

Четвртата позиција му припадна на вториот пилот од Ред Бул, Марк Вебер, а петтата на Фернандо Алонсо од Ферари.

Бодови на трката за големата награда на Унгарија освоија уште Грожан (Лотус Рено), Џенсон Батон (Мекларен Мерцедес), Филепе Маса (Ферари), Серхио Перез (Мекларен Мерцедес), Пастор Малдонадо (Вилијамс Рено).

Генерален пласман пилоти : Фетел 172, Раиконен 134, Алонсо 133, Хамилтон 124, Вебер 105…

Генерален пласман конструктори : Ред Бул 277, Мерцедес 208, Ферари 194, Лотус Рено 184…

Наредната трка од Ф1 циркусот се вози на патеката „Спа“ за големата награда на Белгија на 28 август.

Мх.П.