Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ги израдува своите навивачи на Силверстон патеката триумфирајќи на трката за големата награда на Велика Британија.

Хамилтон, подржан од домашните симпатизери доминираше од почетокот до крајот од трката. Второпласиран на пиедесталот заврши Валтери Ботас благодарание на техничките грешки на двоецот од Ферари, Кими Раиконен односно Себастијан Фетел.

Раиконен смогна сили и со оштетени гуми стигна до третата позиција, додека Фетел заврши на седмата позиција иако поголем дел од трката беше позади Хамилтон.

Британецот со четвртата победа во низа, инаку петта вкупно на „Силверстон“ ја намали разликата во однос на Фетел на само еден поен.

На четвртата позиција заврши Макс Верстапен, петтата ја зазеде Даниел Рикардо, а од шестата од десеттата се пласираа Нико Хулкенберг, Фетел, Естебан Окон, Серхио Перез, Филипе Маса.

Следната трка во Ф1 шампионатот е во Унгарија за две седмици.

OhridNews