В недела со трката за големата награда на Австралија ќе започне новата сезона во Формула 1. Минатата сезона помина во знакот Себастијан Фетел и Ред Бул кои без проблеми ја освоија титулата во пилоти односно конструктори.
Шампионската титула беше четвртата во низа за германскиот пилот Фетел, а сезонава барем пред стартот на новиот Ф1 циклус е далеку од одбрана на титулата.
Еден од фаворитите за овогодинешната титула во Ф1 е првакот од 2008 година Луис Хамилтон, кој имаше перфеткни резултати во тест возењата.
Никако не смее да се заборави Ферари кои во болидите ги имаат Фернандо Алонсо и Кими Раиконен. По долги години Алонсо во „ладниот финец“ ќе добие нов партнер откако негова „верна сенка“ беше Филипе Маса.
Тимови и пилоти :
1. Себастијан Фетел (Ред Бул)
3. Даниел Рикардо (Ред Бул)
6. Нико Розберг (Мерцедес)
44. Луис Хамилтон (Мерцедес)
7.Кими Раиконен (Ферари)
14. Фернандо Алонсо (Ферари)
8. Роман Грожан (Лотус)
13. Пастор Малдонадо (Лотус)
20. Кевин Магнусен (Мекларен)
22. Џенсон Батон (Мекларен)
19. Фелипе Маса (Вилијамс)
77. Валтери Ботас (Вилијамс)
25. Жан-Ерик Верњ (Торо Росо)
26. Данил Квајт (Торо Росо)
11. Серхио Перез (Форс Индија)
27. Нико Хилкенберг (Форс Индија)
21. Естебан Гутиерез (Заубер)
99. Адријан Зутил (Заубер)
9. Маркус Ериксон (Катерхем)
10. Камуи Кобајаши (Катерхем)
4. Макс Чилтон (Марусија)
17. Жил Бјанки (Марусија).
Мх.П.