Неверојатна сезона во Формула 1 продолжува. Пилотот на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон е седмиот различен победник во седмата трка сезонава. Британецот ја освои големата награда во трката Монтрела, Канада.

Втор целната рамнина ја мина Грожан додека трет е Перез од Заубер. Четврти финишираше Фетел кој тргна од пол позицијата, а петти заврши шоферот на Ферари, Алонсо.

Во генералниот пласман прв изби Хамилтон со 88 бодови. Шпанецот во болидот на Ферари, Алонсо е втор со 86 додека трет е германецот Фетел со 85. Во конструктори прва е екипата на Ред Бул со 164, втори се Мекларен Мерцедес со 133.

Мх.П.