Британецот Луис Хамилтон со триумфот на големата награда на Кина “колку толку“ ја запре доминацијата на Себастијан Фетел кој се пласираше на втората позиција. Тројката ја комплетираше возачот на Ред Бул, Марк Вебер.


Четвртопласиран е Џејсон Батон, Нико Розберг се најде на петтата позиција додека шести и седми се тандемот на Ферари, Филипе Маса односно Фернандо Алонсо.


На трката во Сепанг бодови имаше за Михаел Шумахер заземајќи го осмото место, деветтото место му припадна на Витали Петров, десетката ја заокружи јапонецот Кобијаши.


Генерален пласман:
1. Себастијан Фетел 68
2. Луис Хамилтон 47
3. Џејсон Батон 38
4. Марк Вебер 37
5. Фернандо Алонсо 26
6. Филипе Маса 24

Конструктори:
1. Ред Бул 105
2. Мекларен Мерцедес 85
3. Ферари 50
4. Рено 32
5. Мерцедерс ГП 16

Мх.П.