Пилотот на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на трката за ГН на Италија што се возеше на патеката во Монца.

Покрај Хамилтон место на подиумот изборија пилотите на Саубер Перез, и Ферари Фернандо Алонсо.

Трката поради проблеми со болидите не ја завршија Џенсон Батон и Себастијан Фетел.

По триумфот во Италија Хамилтон се искачи на втората позиција во генералниот пласман со 142 бода, додека на врвот останува Алонсо со 179.