Британецот Луис Хамилтон со Мекларен беше најбрз на првиот петочен слободен тренинг за Големата награда на Унгарија.

На патеката Хунгароринг на првиот тренинг второ време имаше Германецот Себастијан Ветел со Ред Бул, а трет резултат постави Шпанецот Фернандо Алонсо со Ферари.

 

Австралиецот Марк Вебер со Ред Бул излета од патеката, удри во заштитната ограда и остана без десното крило од болидот.

Ф1: Предлог календар за 2012

Раководството на Формула – 1 натпреварите за следната 2012 година предложи календар кој ќе претрпи измени. 

Големата награда на Турција е исфрлена од предлог календарот и идната година Ф-1 ќе има 20 трки. Доколку се прифати предлог–календарот, новото првенство нема да започне во Бахреин, туку на 18 март со Големата награда на Австралија во Мелбурн.

Трката во Бахреин, од каде што претходните години стартуваше Ф-1 циркусот, е одложен за 4 ноември, а Големата награда на САД во Остин поради високите температури на претходните трки коишто се одржуваат на 17-ти јуни), овојпат ќе биде претпоследна трка на 18 ноември, една седмица пред последната трка во годината којашто ќе се вози во Бразил.

“Извор Макфакс“
Ohridnews