Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон изјави дека притисокот кој тој и пилотот на Ферари, Себастијан Фетел го трпеле во оваа година, овој пат се префрли на негова страна.

Двајцата имаа пресметка во Баку кога Себастијан намерно го удри Луис во моментот кога на патеката беше безбедносното возило. Токму овој момент, според голем Ф1 критичари, го ценат како точка на која германецот ја изгуби контролата во првенството.

– Невообичаено за него, но оваа година Себастијан имаше поголема нервоза од другите првенства. – изјави Хамилтон и додаде – Никој од нас не е супермен, секој може да попушти кога трпи невероватен притисок. Тоа ви е како во тенисот, кога Федерер игра против Надал и кога двајцата чекаат да приметат грешка на другиот.

Луис нагласи дека успеа да ја крене своја форма и концентрација баш кога беше под силен притисок.

– Видовте на крајот на сезоната. Наеднаш веќе немав притисок и тоа не беше баш добро. Оваа година можам да ја споредам со Усеин Болд и трката на 100 метри. Тој обично има лош старт но на крајот успева да ве стигне. Верувам дека следната година Фетел ќе се врати во свој стил но јас сум тука и не се плашам од предизвикот. – заврши во својата изјава 4 кратниот светски шампион.

OhridNews