Пилотот на Мекларен, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Сингапур, која во недела ќе се вози во рамките Формула 1 првенството.
Британецот доминираше во квалификациите и со најбрзиот круг 1:46.362 минути, на патеката Марина Беј стигна до петтата пол позиција во сезоната, трета на последните четири трки.
Друштво на Хамилтон, во првиот стартен ред ќе му прави возачот на Вилијамс, Пастор Малдонадо, додека од вториот стартен ред трката ќе ја започнат актуелниот светски првак, Себастијан Фетел на Ред Бул и клупскиот колега на Хамилтон, Џенсон Батон.
Лидерот во генералниот пласман, Фернадо Алонсо имаше пето најдобро време, до него на стартот од трката ќе биде Пол ди Реста на Форс Индија. Марк Вебер на Ред Бул и
Роман Горжан се на седмото и осмото место, додека најдобрите десет во квалификациите ги комплетираа пилотите на Мерцедес, Нико Розберг и Михаел Шумахер.
Трката за Големата награда на Сингапур, единствена ноќна трка во календарот на Формула 1, ќе се вози во недела, со почеток во 14 часот по средноевропско време.
41-годишната американка доживеа пад на денешниот спуст на Олимписките игри по што беше пренесена во болница Инцидентот се случи во горниот дел од патеката Се стравува дека падот може да ја чини и к...
Со спектакуларна свеченост, синоќа беа отворени 25-тите Зимски олимписки игри што се одржуваат во Милано – Кортина, Италија Овој настан означи почеток на една нова ера во олимписката историја...
Во првото коло од плеј-оф фазата тимот на ГКК Охрид ќе се соочи со екипата на КК Соколи – Штип, во меч кој носи огромно значење во борбата за место во елитата Секој поен, секоја одбрана и секоја се...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.