Несудениот шампион од 2007 година и екстра голем талент, Луис Хамилтон е на чекор до нов договор до Мекларен Мерцедес.

Медиумите од островото објавија дека Хамилтон ќе потпише пет годишен договор за сума од 138 милиони долари.

Во првата сезона во Ф1 Хамилтон заработуваше скромни 700.000 долари, додека со новиот договор црномурестиот возач ќе заработува неверојатни 27 милиони долари по сезона, со бонус од дополнителни 6 милиони доколку ја освои титулата.

Инаку Мекларен вчера во Штудгарт го промовираше новиот болид за 2008 година MP 4-23.

ohridnews