Јапонскиот произведувач на агрегати „Хонда“ има желба да соработува со големите тимови, но сепак призна дека тоа за нив ќе биде голем и неизвесен предизвик.

Хонда во моментов го снабдува јуниорскиот тим на Ред Бул, така да овај тим од Фаенца успеа на ГН на Бахреин да го заземе високот четврто место. Од тогаш па наваму Торо Росо освои само еден бод што е разочарувачки за двата партнери.

Сепак за време на на тркачкиот викенд во Азербејџан Хелмут Марко, шефот на  Ред Бул, изјави дека се случиле првите разговори меѓу Хонда и Ред Бил за можната идна соработка.

Ние можната соработка со Ред Бул ја оценуваме како многу позитивна и добра работа, но за да ја спроведиме во дело потребни ни се дополнителни консултации. Соработка со тим како Ред Бул за нас ќе биде голем залак но не и неостварлив. Ќе имаме доплнителен притисок како произведувач, мораме добро да размислиме и да разгледаме од секој аспект пред се дали можиме да се носиме со овај проект. Тоа би била голема одоговорност.“ – беше искрен Масаши Јамамото шефот на Хонда.

OhridNews