Инцидентот помеѓу Фетел и Хамилтон дефинитивно фрли голема сенка на трката за ГН на Азербејџан која се возеше низ улиците на Баку, а и по се изгледа за овој случај ќе се зборува многу повеќе. За тоа не се погрижија само навивачите туку и FIA, која одлучи да ја продолжи оваа приказна.

FIA соопшти дека на 3 јули ( понеделник) ќе го истражува целиот инцидент и ќе одлучи дали се потребни понатамошни санкции. Извештајот од оваа истрага ќе биде објавен пред ГН на Австрија која се вози од 7-9 јули.

Медиумите тргнаа со шпекулации дека Фетел, ако FIA одлучи да поведе понатамошни постапки, може да заврши и пред Меѓународниот трибунал на FIA, такашто е можна Фетел да биде казнет со забрана на настап на една трка.

Фетел еднаш го има избегнато ова тело на FIA минатата година, кога преку радио упати пцовки кон Чарли Вајтинг, главниот директор на F1.

OhridNews