23-годишниот пилот Карлос Сајнц Јуниор ќе го замени Фернандо Алонсо во тимот на Мекларен. Шпанскиот пилот најави повлекување од клубот и воопшто од Формула 1 шампионатот после завршување на тековната сезона.

Сајнц Јуниор моментално е дел од тимот на Ренова и со 30 бодови се наоѓа на 11-та позиција на табелата, а со Мекларен потпиша повеќегодишен договор.

  • Карлос е дел од легендарно семејство. Исклучително сме возбудени да го пречекаме како пилот на Мекларен. Го следиме извесно време и го оценуваме многу високо меѓу следната генерација млади таленти кои се пробиваат во Формула 1. Не е тајна дека Карлос е вистински обожавател на Фернандо и се гордее дека ќе го заземе местото на една легенда во моторниот спорт, изјави шефот на тимот. – рече првиот човек на Мекларен, Зек Браун.

Во најскоро време Мекларен ќе го објави пилотскиот ростер за следната година, а сигурно дека дел ќе биде Карлос Сајнц Јуниор.

OhridNews