Ф1: Леклер тргнува од пол-позиција во трката за Големата награда на Монако
29.05.22 08:53
ГН на Монако: Пол-позицијата за Леклер
Монте Карло, 28 мај 2022 (МИА) – Возачот на Ферари, Чарлс Леклер ќе ја почне утрешната трка од Светското првенство во Формула 1 во Монте Карло од челната позицијата, откако во денешните квалификации го победи тимскиот колега Карлос Саинц од Шпанија.
Зад тандемот на Ферари ќе стартуваат возачите на Ред Бул, Мексиканецот Серхио Перез и Макс Верстапен, од третиот ред трката ќе ја почнат Британците Ландо Норис (Мекларен) и Џорџ Расел (Мерцедес), додека шпанскиот ветеран Фернандо Алонсо (Алпин) и поранешниот светски првак, Бритенецот Луис Хамилтон, ќе стартуваат од четвртиот ред.
Пред трката за ГН на Монте Карло во водство во генералниот пласман е Верстапен со шест бодови предност пред Леклер на второто место.
ГРК Охрид денес и утре во СРЦ „Билјанини извори“ ќе го одигра двомечот со литвански Драгунас Клаипеда во рамки на третото коло од ЕХФ Европскиот куп Ракометарите се надеваат на победа во двата натп...
Очекувам тешки натпревари со литванскиот тим, затоа што ќе го играме нашиот трет и четврт меч во девет дена Исто така во два дена играме два натпревари Се надеваме дека на првиот натпревар можеме д...
Во сабота на „Билјанини Извори“ во рамки на 12 коло од 2 МФЛ ќе биде одиграно дерби помеѓу Охрид и Беласица Пред фудбалерите на Охрид е уште еден важен натпревар во борбата за пласман во Првата лиг...