Пилотот на Ферари, 22 годишниот Шарл Леклер, го продолжил договорот со Скудерија Ферари. Леклер со екипата од Маранело потпишал нов пет годишен договор, до 2024 година. Пилотот од Монте Карло годишно ќе заработува по девет милиони евра, што е три пати повеќе од неговата досегашна плата.

Шарл и Скудерија имаат јасна, заедничка иднина. Тој е дел од нашето семејство од 2016 година. Неверојатно сме горди на резултатите што ги постигнува нашата академија. Сигурни сме дека во иднина со Леклер ќе испишеме нови страници во историјата на нашиот тим. – рекол шефот на Ферари, Матија Биното.

Леклер сезоната во Формула 1 ја заврши на четвртото место во генералниот пласман со 24 бода повеќе од клупскиот колега Себастијан Фетел. Сезоната ја заврши со две победи (Белгија и Италија) и седум освоени пол-позиции.

OhridNews