Тимот на Мерцедес АМГ Петронас ги објави првите слики од својот нов болид „W11“, кој ќе го користат пилотите во новата сезона во Формула 1 шампионатот. Во германскиот состав веруваат дека болидот ќе им донесе нова „двојна круна“ како минатата сезона.

Тандемот пилоти, Луис Хамилтон и Валтери Ботас на патеката „Силверстоун“ со посебни гуми и услови го пробаа болидот.

Официјална промоција, болидот „W11“ ќе има во текот на следната недела, но германскиот состав поради љубителите на мото спортот ги објавија првите слики.

Минатата сезона помина во комплетна доминација на Мерцедес. Хамилтон ја освои титулата, а во конструктори германскиот тим беше прв со голема предност во однос на ривалите.

OhridNews