на поранешниот светски првак во Формула 1 Кими Раиконен се вклучи и
Ферари.
Не е тајна дека возачот на Лотус во своите редови следната сезона сака
да го доведе и Ред Бул, чиј тим на крајот на годината ќе го напушти
Австралиецот Марк Вебер. Билд пишува дека австралиската екипа на Финецот
му понудила плата од 15 милиони долари, плус одредени бонуси.
Но, во четвртокот, во пресрет на Големата награда на Унгарија, Раиконен
наводно го контактирале и луѓето од Ферари и му понудиле уште поголема
плата. Финецот веќе беше член на Ферари од 2007 до 2009 година, а во
првата сезона ја освои и единствената титула светски првак.
Ферари во своите редови би сакал да го види на местото на Фелипе Маса
кому му истекува договорот, но не е исклучено тој да влезе на местото на
Фернандо Алонсо, со кого челниците на италијанскиот тим во последно
време не се во најдобри односи.
Покрај тоа, менаџерот на Алонсо минатата недела бил виден во разговор со
челниците на Ред Бул, што ги поттикна приказните дека Шпанецот е
кандидат за тимски колега на Себастијан Ветел.