Што да се каже за ГН на Италија, поточно за патеката која италијаните ја викаат La Pista Magica? Монца  е најпозната патека во историјата на првенството во Формула 1 за која и на која се снимени бројни филмови. Патека на која се имаат случено бројни инциденти меѓу кои и онај на Рони Петерсон со смртни последици во 1976 година кој се случи заради грешка на стартерот.

Проектирана во далечната 1922 и сместена во паркот во северното предградие на Милано, патеката уште првата сезона влезе во календарот на F1. Покрај класичната патека во 1955, 1956 како и во 1960 и 1961 година се користеше и овален дела така да еден круг беше долг цели 10 км.

Баш во таа 1961 година се случи првиот и најтрагичниот инцидент во историјата кога Вофганг вон Трипс со своето Ферари излета во публиката каде покрај себе усмрти уште 15 гледачи.

Често на оваа патека се додавани шикани со цел да се успорат болидите, а последната промена е направена во 2000 година кога се направи промена на првата шикана Варианте дел Ретифилио.

Патеката е долга 5793 метри и има 11 свиоци. Утре ќе се возат 53 кругови кои се возат за само 1 час и 15 минути нормално ако нема врнежи од дожд. Просечната брзина преминува над 250км/h, а сеуште го памтиме рекордот на Хуан Пабло Монтоја од 2004 година кој трката ја заврши трката за 1:19.525 со просечна брзина 262км/h.

Патеката има доста правци и дури четири делови каде брзината оди над 300км/h, а болидите се сетираа да имаат помал аеродинамичен потисок, односно даунфорс. Кога станува збор за кочниците тие овде ќе бидат под голем притисок но исто така и гумите ќе бидат на испит заради брзите свиоци ( Параболика најпозната пред стартно целната рамнина) но и заради честите и нагли кочења. За оваа трка Пирели спреми бели средно-тврди гуми ( медиум), жолти меки (софт) и црвените супер-меки (супер софт).

Како никаде овде на испит се става и и моторот, а посебен акцент ќе биде ставен на системот за рекупирација на енергијата (ERS – Energy Recovery System), затоа што на Монца имаме шест места со големо и нагло кочење.

За утре шансите за дожд се 50 – 50, а во 15 и 10 прв ќе стартува Кими Раиконен со време од 1:19.119 што преставува  нов рекорд на патеката. Покрај него е Фетел што предизивка ерупција за домашната публика. Од вториот ред ќе стартуваат возачите на Мерцедес, Хамилтон и Ботас.

Во 18 трки каде немало непредвидени моменти и биле без врнежи од дожд освојувачот на пол позицијата во 14 случаи бил и победник на трката. Дали овај тренд ќе се задржи, ќе видиме утре околу 16 и 30 часот.

Линк од сударот на Вофганг вон Трипс.

OhridNews