Тандемот пилоти на Ред Бул, Себастијан Фетел и Марк Вебер ќе стартуваат од пол позицијата на трката за големата награда на Големата награда на Индија.

Веднаш зад Ред Бул на третата и четвртата позиција се Луис Хамилтон и Џенсон Батон од Мекларен додека петти и шести се Фернандо Алонсо и Филипе Маса од тимот на Ферари.

На четири трки до крајот на сезоната лидер во генаралниот пласман е Фетел со 215 бодови. Втор со 209 бодови е Алонсо водечката тројка ја комплетира Кими Раиконен со 167.

Мх.П.