Германскиот пилот во редовите на Ред Бул, Себастијан Фетел триумфираше на патеката „Сузака“ за големата награда на Јапонија.
Со овој триумф Германецот дојде на десет бодови од четврата шампионската титула во Формула 1 циркусот. За одличен викенд на Ред Бул во Јапонија се погрижи Марк Вебер, кој во борбата за втората позиција го совлада франуцскиот пилот, Грожан.
Вториот пилот во генералниот пласман Фернандо Алонсо(Ферари) заврши на четвртата позиција додека петти целната рамнина ја помина Кими Раиконен од Лотус.
Следната трка која може да го промовира Фетел во старо нов првак се вози во Индија.
Мх.П.