Невообичаено кратка презентација оваа година имаше новиот FERRARI SF71H болид. На само четири дена пред почетокот на тестирањата италијанскиот тим го промовираше својот болид за кој се одлучи оваа година да биде целосно црвен.

Техничкиот директор Матиа Биното истакна дека болидот е за нијанса е потесен и со пошироко меѓуосовинско растојание:

Имавме доста време да го склопиме ова “чудо“. Имаме многу прашалници ние самите но одговорите ќе ги добиеме за некој ден на Каталуња. Бар 80% од резултатите во тунелот да се потврдат на патеката со мирна совест ќе можам да речам дека овај болид по успеси ќе се мери со онај Шумахеровиот кој царуваше на патеките од 2000 до 2004 година“.

FERRARI SF71Hсо вака ревидираниот во димензии дизајн, внимателно вклопувањево аеродинамиката на новиот заштитен HALO систем како и поширокото, од минатата година, меѓуосовинско растојаније и  пошироките гуми ќе си го дадат својот придонес во многу значајни моменти во трката. Кои? Сите заедно ќе ги откриеме на првата трка“ – истакна главниот шеф на италијаните Маурицио Аривабене кај кој можеше да се забележи видно расположение.

Возачкиот двоец на тимот имаше напорна работа во зимската пауза. Фетел изјави дека на прв поглед е задоволен со болидот:

“Сега е време кога сите можете да го видите болидот, се е спремно и нептрпелив сум да го пробам на патеката и да видам како ќе се однесува на дело. Сакаме да добиеме одредени одговори затоа што зимата сите вложивме доста труд за да го подобриме во сите елементи. За четири дена ќе ги добиеме информациите за квалитетот на овај болид но и евентуалните недостатоци за кои верувам ќе се ретки  и ќе имаме време да ги отстраниме до првата трка.“

OhridNews