Актуелниот шампион во Формула 1 циркузот, Луис Хамилтон стави потпис на новиот договор со Мерцедес. Тој во клубот ќе остане најмалку уште две сезони.

  • Уверен сум дека Мерцедес е вистинското место на кое треба да бидам и следните години. Иако постигнавме многу успеси од 2013 година, јас и клубот чуствуваме се уште глад за нови докажувања. Потпишување на новиот договор беше само формалност, бидејќи јас и Тото Волф се договоривме уште земиата. – изјави Хамилтон.

Британскиот пилот со новиот договор ќе заработува 40 милиони фунти годишно, што го прави еден од најбогатите спортисти во светот.

Мерцедес, во следниов период се очекува да го продолжи договорот и со вториот пилот Валтери Ботас и да го реши прашањето околу возачите.

OhridNews