Мерцедес објави фотографии од новиот болид „W12 E Performance“ за претстојната сезона во Формула 1. Презентацијата на автомобилот ќе се одржи денес, 2 март, во онлајн формат.

– Претставување на новиот болид „W12“ можете да го погледнете за прв пат, објави Мерцедес на Твитер.

Автомобилот е изведен во црна боја со тиркизни линии и црвено-сив врв. На трупот има ѕвезда во спомен на легендарниот пилот Ники Лауда. Видеото од презентацијата можете да го погледнете, тука.

За потсетување, пилоти на тимот кој популарно се нарекува „Огнена стрела“ за сезоната 2021 ќе останат Луис Хамилтон и Валтери Ботас.

OhridNews